Спречете ја неговата афера со колешка

1038

Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од мажите кои извршиле изневера, избрале за своја љубовница колешка од работ.

Појавувајте се со него. Не избегнувајте да одите со него на забавите на фирмата или на родендените кај колегите (се разбира ако сте поканети, без да се наметнувате). Со вашата појава ќе покажете дека зад вашиот маж има жена и дека вашата врска е силна. Ако некоја колешка флертуваше тајно со вашиот партнер, ќе се почувствува виновна кога ќе ве запознае вас.

Разберете која е вашата закана. Иако повеќето жени веруваат дека нивните мажи изневеруваат со поубава жена, тоа најчесто не е така. Затоа веднаш не избрзувајте со заклучоци ако видите плава колешка со две откопчани петлици на кошулата. Вашата закана може да е од сосема друг тип.

Најчесто тоа е колешка со која вашиот сопруг работи на ист проект или која може да му ѕвони на мобилен по завршувањето на работното време. Сепак, не треба да бидете параноични и да гледате на секоја жена како на закана. Потребно е само да ги држите очите отворени.

Направете да мисли постојано на вас. Ако патува често, последната ваша ноќ пред да замине приредете му незаборавна вечер, која ќе остане во неговите мисли додека да се врати. Доколку се разделите со кавга, тој ќе биде посклон кон афера. Не го испраќајте на работа со намуртено лице и без бакнеж. Во неговите мисли, последната слика од вас, треба да му буди потреба побрзо да се врати дома.