Дали сакате да набавите расно куче или мешанец? Која раса да се избере? Мажјак или женка? При изборот на куче, првото прашање што се поставува е дали сакате чистокрвно куче или мелез?
Постојат многу предности кога се одбира мелез, заради нивниот поразновиден генетски материјал, помалку подложен на наследни болести и, во принцип, подолго живеат. Исто така, да се земе куче од улица или од азил е една од поблагородните работи што можете да ги направите.
Постои проблем на непознавање на родителите и ако земете многу младо кученце, не можете да знаете со сигурност до која големина ќе достигне. Ако сакате да земете чистокрвно куче, треба да сте на чисто дали ќе го одите со кучето на изложби. Во тој случај, неопходно е да се обрне внимание на педигрето на кучето, бидејќи кучињата мора да ги исполнат строгите стандарди на одредени раси.
Постојат неколку кучешки организации во светот кои признаваат и класифицираат раси на кучиња, од кои најзначајна е Меѓународната организација за кучиња (FCI). До денес, околу 330 раси на кучиња се признати и класифицирани во 10 групи од страна на FCI:
Група I – Овчарски кучиња и оние кои гонат стока
Група II – Пинч, Шнаусери, Молоси и Швајцарски овчари
Група III – Териери
Група IV – Јазовичари
Група V – Шпицеви и кучиња од примитивен тип
Група VI – Гоничи, трагачи и сродни раси
Група VII – Птичари и сетери
Група III – Ретривери и кучиња за вода
Група IX – Кучиња за придружба и забава
Група X – Хртови
Продолжува на страна 2