Физиката докажала | Вашите мисли ја формираат вашата судбина

2851

Многу луѓе велат: тоа е самоизмама за да се радуваме на поразите и да се заблагодариме поради катастрофите. Тоа е глупост. И тие се во право. Но, дали тоа право им носи среќа?

Повеќето луѓе на непријатност реагираат стандардно: со нервирање, агресија и негатива.

Човекот почнува да се бори со ситуацијата, чувствувајќи во себе противење. Тоа е заблуда: да се верува дека нервирањето може да ја подобри ситуацијата.

Која е целта на негативноста? Во неа нема никаква цел. Напротив, нервозата и агресијата создаваат уште поголема негатива.

Научниците што го проучуваат квантниот свет велат: целиот свет е енергија. Сите честички се наоѓаат истовремено насекаде. Тоа се нарекува квантна неизвесност. Тоа е парадокс. Ако нема набљудувач – човекот – светот не постои. Ова е научен факт.

Сите основни честички ја менуваат својата состојба само од набљудување на истите. Тоа и е, човечките очекувања секогаш влијаат на резултатот од експериментот. Секој човек е 100% во право. Вие секогаш верувате во нешто, а потоа наоѓате потврда за вашите верувања.

На пример, верувате дека нема да имате доволно пари. И тоа е точно. Секогаш ќе ви недостасуваат пари. Или невозможно е да се најде добра работа во тој град. И повторно имате право. И покрај тоа, има луѓе кои живеат преку улица и кои имаат доволно пари за сè. И тие прават добра работа. Зошто? Дали тие имаат среќа? Не, немаат.

Закон на квантната физика:

Секогаш! Секогаш! Без исклучок, го добивате резултатот што го очекувате!

Ако не се согласувате со мојата гледна точка, вие сте 100% во право. А дали вашата гледна точка ви дава мир, јасност, радост? Дали ви помага лесно да ги надминете сите пречки или да ги заобиколите? Ако одговорт е да, ќе ми биде драго да учам од вас. Искрено.

Лично искуство

Кога ја повредив раката, бев во очај. Лекарите ми рекоа дека станува збор за инвалидитет. И јас им поверував. А тогаш прочитав за луѓе кои се вратиле од состојба на “скршеност” по ужасните повреди. И поверував дека тоа е можно. Резултат: сега мојата рака е апсолутно здрава.

Јас 15 години верував дека сиромаштијата ми е судена. Работев многу и сè за ништо. А тогаш верував дека можам лесно да постигнам финансиска слобода и сето тоа се оствари. Верував дека животот треба да се бори, а мојот свет беше опасен, предавнички и суров.

Сега верувам: Дека секогаш сум заштитен. Дека сè се случува за мое добро. Мојот свет се грижи за мене. И затоа на сè велам “Ура!!!”

Секој момент ние бираме. Секоја секунда создаваме своја реалност.

Секој пат кога ќе се случи нешто што не го сакате, имате избор. Вие сте паднале во квантна крстосница. И ако се налутите, сте стргнале по погрешен пат. Отидовте во зол свет.

Ако ви се допаѓа таму, тогаш сè е добро. Ако не, кажете “Ура!” Се е добро. И доброто ќе се оствари! Реалноста е секогаш добра и неутрална. Само вашите мисли, оценките ја бојат.

Кога искрено се радувате на какво било искуство, сите ваши проблеми се решаваат сами. Дури и некако невообичаено не војувате. Ако сè уште не сте доволно војувале, борете се. Но, мене лично ми се допаѓа мирот и спокојството.

Споделете го вашето искуство на единство со животот, сигурен сум дека можете да им помогнете на многу луѓе да живеат посреќно и полесно.

Јури Токарев

Извор: www.transurfing-real.ru