Болести кои често погрешно се дијагностицираат

111

Знаете ли дека заморот може да биде знак за проблеми со црниот дроб?

Истражување од минатата недела, покажа дека една третина од дијагнозите за астма се лажни.

Еве кои од болестите најчесто се погрешно дијагностицирани:

Депресијата може да ја помешате со намалена функција на тироидната жлезда

Најчесто лекарите ги збунува депресијата со хипотироидизам. Кога телото не произведува доволно од хормонот тироксин, човек може да почне да се чувствува депримиран, летаргичен и мрзлив. Во овој случај е поважно не да се пијат антидепресиви, туку хормонални таблети.

Според научниците депресијата и деменцијата исто така имаат многу исти симптоми како што се губење на концентрација и меморија, и чувство на дезориентација.

Синдром нервозно дебело црево се меша со целијачна болест

Синдром на раздразнето дебело црево е општ термин за цревни симптоми како надуеност, хронична дијареа или болка во стомакот. Тоа, сепак, исто така се симптоми за целијачна болест – имунолошки одговор кон глутен, протеин кој се содржи во пченицата, јачменот, овесот и др.

Ако имате алергија на глутен, ќе има и проблеми со цревата и тие нема да апсорбираат правилно хранливите материи. Многу луѓе живеат со целијачна болест со години, додека се разбере што е точно нивната болест. Што се однесува до синдромот на раздразливост на дебело црево – тоа се лекува најчесто со анти спазмолитици, а не со избегнување на храна со глутен.

Менопаузата се мешаат со хиперфункција на тироидната жлезда

Нередовна менструација, ноќното потење, надуеност, зголемувањето на телесната тежина и промените во расположението се вообичаени симптоми на менопауза. Можат да бидат симптом и на рак на јајниците.

Веројатно е сепак, симптомите да се должат на хиперфункција на тироидната жлезда и нехоџкинов лимфом (рак на садовите и жлездите на лимфниот систем), кои исто така предизвикуваат ноќно потење.

Заморот може да е знак за проблеми со црниот дроб

Перманентен замор може да биде симптом за доста болести како некои видови на рак, Лајмска болест, која се шири преку крлежи – дури и црнодробни болести како хепатитис Ц. Луѓето со Лајмска болест освен замор имаат болки во зглобовите и заматена свест.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.