Одговорот е во – мозокот.
Повеќето од нас се запознаени со чувството кога добро ќе се најадеме, но сепак се копнее за нешто слатко, а зошто е тоа така сега е разјаснето од меѓународниот истражувачки тим предводен од Max Planck Institute for Metabolic Research in Cologne, Germany.
Според нивните наоди, истите нервни клетки во нашиот мозок кои ни даваат чувство на ситост после оброк предизвикуваат и желба за слатки.
Во студијата, научниците предводени од Henning Fenselau ја испитувале реакцијата на глувците на шеќер и откриле дека глувците јадат слатки дури и кога се целосно сити.
Скенирањето на мозокот покажа дека одредена група на нервни клетки е одговорна за ова, пишува тимот во списанието Science. Овие таканаречени POMC неврони стануваат активни веднаш штом телото ја апсорбира храната.
Кога глувците се сити и јадат слатки, овие нервни клетки не само што ослободуваат гласнички соединенија кои сигнализираат ситост, туку и опијат кој природно се произведува во телото, бета-ендорфин.
Според студијата, ова предизвикува чувство на награда што ги тера животните да јадат уште повеќе шеќер. Механизмот бил активиран во експерименти кога животните го гледале само шеќерот без да го јадат.
Скенирањето на мозокот покажа дека истиот регион на мозокот кај луѓето реагира на шеќер. Како и кај глувците, многу рецептори за опијати се наоѓаат во близина на неврони одговорни за чувството на ситост.
Од еволутивна гледна точка, ова има смисла: шеќерот е редок во природата, но дава брза енергија, вели водачот на студијата Fenselau. Мозокот е програмиран да го стимулира внесот на шеќер кога ќе стане достапен, рече тој.
Резултатите би можеле да бидат значајни за третман на дебелината. Иако веќе постојат лекови кои ги блокираат опијатните рецептори во мозокот, слабеењето што се постигнува со нив е помало од она што се постигнува со инјекции за потиснување на апетитот.
Fenselau вели дека комбинацијата на различни терапии може да биде корисна, но тој предупредува:
Сè уште треба да го истражиме ова дополнително!