Научниците откриле череп на џиновски ѕвер ! „Има заби остри како жилет“

613

Пред околу 30 милиони години, по густите шуми на Египет талкала „хиперѕверка“ налик на леопард.

Овој страшен предатор, сега идентификуван како Bastetodon syrtos, имал заби остри како жилет и доминирал во неговиот екосистем за време на олигоценот.

Неговите еволутивни потомци подоцна ќе станат едни од најголемите месојадни цицачи во историјата. Олигоценот е геолошки период во минатото на Земјата.

Го опфаќа времето од пред 34 милиони до 23 милиони години.

Палеонтолозите неодамна откриле речиси целосен череп на Bastetodon syrtos во депресијата Fayum, регион со богата палеонтолошка историја која опфаќа милиони години.

Нивната студија нуди нови сознанија за древниот африкански екосистем и еволутивната историја на сега веќе исчезнатиот ред Hyaenodont, што значи „хиенски заби“.

Сон на секој палеонтолог

Истражувачки тим од Mansoura University и American University во Cairo внимателно го ископувал местото кога го откриеле овој револуционерен череп. Водечкиот автор на студијата, Shorouq F. Al-Ashqar, тврди дека откритието дошло токму кога тимот требало да ја заврши својата работа.

„Еден член на тимот забележал нешто неверојатно – збир на големи заби кои штрчат од земјата. Неговиот возбуден крик го собра тимот, означувајќи го почетокот на едно необично откритие: речиси целосен череп на древен врвен месојад, сон на секој палеонтолог кој ги проучува ‘рбетниците“, објаснува египетскиот палеонтолог.

Наодите, исто така, ги наведоа истражувачите да го реанализираат Sekhmetops, друг вид на хиенодонт откриен пред 120 години. Претходно се мислело дека има европско потекло, но новите докази сугерираат дека и B. syrtos и Sekhmetopsсе рашириле од Африка во повеќе бранови, на крајот достигнувајќи ги речиси сите континенти.

Комплицирани односи

И покрај нивната доминација, хиенодонтите се соочиле со опаѓање на генетската разновидност и на крајот изумреле во доцниот миоцен, отстапувајќи им место на современите предатори како што се предците на денешните големи мачки.

Миоценот е геолошки период во рамките на неогенот, кој следел по олигоценот. Го опфаќа периодот од 23,03 до 5,332 милиони години.

„Откривањето на овој bastetodon е значајно достигнување во разбирањето на различноста и еволуцијата на хиенодонтите и нивната глобална дистрибуција. Ние сме желни да продолжиме со нашето истражување за да ги откриеме сложените односи меѓу овие древни предатори и нивната околина со текот на времето и низ континентите“, заклучува Al-Ashqar.