Еко зграда дизајнирана да го впива загадениот воздух | Фото

1315

Супер облакодер од 160 ката, дизајниран за Њујорк, е дизајниран да „цица“ загадување на воздухот. Зградата висока 737 метри ги намалува емисиите на јаглерод од атмосферата.

Според проектот, станбената кула наречена Мандрагора има 36 турбини за ветер, 1.600 дрвја, растителни ѕидови на површина од 24.500 квадратни метри и 7.000 м2 фасади што произведуваат соларна енергија.

Благодарение на овој огромен број на растенија, зградата би апсорбирала огромни количини на јаглерод моноксид. Објектот, кој би бил изграден на островот Рузвелт, е дизајниран од архитектонското студио Рескубика, со седиште во Париз.

„Архитектурата со закривување има за цел да го симболизира односот на луѓето со природата и ќе послужи како потсетник дека мора да ја заштитиме животната средина за да живееме во симбиоза со Земјата“, изјави портпаролот на оваа компанија.

„Проектот е предлог за градовите да можат да ја намалат неутралноста на јаглеродот до 2050 година“, додаде тој.