Американецот изјавил дека неговиот пенис се намалил откако добил Ковид-19. Пред да се разболи, тој го опиша својот пенис како „надпросечен“.
Насекаде има гласини за симптоми на ковид, а секој од нив е поневообичаен од претходниот, но ова е навистина извонредно – маж од Америка тврди дека неговиот пенис се намалил поради коронавирусот.
Анонимниот маж бил предупреден од лекарите дека ефектите врз неговиот пенис може да бидат неповратни. Скршениот маж, за кој се смета дека е Американец во 30-те години, наводно бил благословен со натпросечно средство пред почетокот на целата оваа драма, пишува Mirror.
Говорејќи на подкастот “How To Do It”, пациентот изјавил:
„Јас сум хетеросексуален маж во свои триесетти. Во јули минатата година добив ковид и бев многу болен. Кога излегов од болница имав проблеми со еректилна дисфункција. Изгледа останав со траен проблем. Ми се намали пенисот. Пред да се разболам беше натпросечен, не огромен, но дефинитивно поголем од нормалното. Сега изгубив околу сантиметар ипол и станал значително помал од просекот“, рече Американецот па продолжил:
„Тоа влијаело на мојата самодоверба“
„Тоа навистина не треба да е важно, но самото тоа имало големо влијание врз мојата самодоверба и моите способности во креветот.“
Говорејќи на подкастот, американскиот уролог Ashley Winter објасни:
„Точно е дека еректилната дисфункција води до скратување. Имате временски период во кој пенисот не се протега сам, во кој не ја влече целата крв во него, а тоа може да доведе до лузни на пенисот и скратување на неговата должина“.
Др. Winter објасни дека вирусот може да предизвика неправилен проток на крв во пенисот, што пак може да предизвика еректилна дисфункција. Сепак, има надеж за кутрото момче, бидејќи експертите на подкастот рекоа дека постојат третмани за еректилна дисфункција кои би можеле да му помогнат да се опорави од тоа трауматично искуство.



















