Тајни за моногамија и среќна врска

1736

Според некои тврдења луѓето не се создадени за да останат во моногамија. Дали?

Престанавме ли да веруваме во вистинската љубов, во стабилната врска и откриеното партнерство во љубовта … моногамијата е целосно можна и ако сакате во врската да бидете физички и емотивно посветени само на еден човек, видете ги следните совети.

Комуницирајте добро.

Комуникацијата е од суштинско значење за здрава и моногамна врска. Споделете ги со партнерот вознемиреноста, позитивните емоции, сексуалните желби. Сакајте да бидете слушнати, но и бидете добри слушатели.

Задржете го пламенот на страста.

Онаа желба, што некои ја нарекуваат и страст што се тестира во почетокот на вашата врска, ќе згаснува со текот на времето. Страста е како оган, ако еднаш ја запалите, треба постојано да ја одржувате.

Во напорното секојдневие, грижата за децата и семејството, како да не ни останува време да размислуваме за страст. Ако сакате возбудлива и моногамна врска, не заборавајте да ја задржите климата во вашата спална соба жешка.

Не одолевајте на искушението.

Размислете за илјадниците последици кои доаѓаат со неверството. Дали вреди да се жртвува својата врска, довербата на саканата или сметате на тоа дека авантурата ќе биде еднократна и партнерот никогаш нема да дознае за неа?

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продололжува на страна 2