Тајни за моногамија и среќна врска

1737

Работете за остварлива цел.

Една од причините многу парови да не можат да бидат моногамни е дека партнерите се оддалечуваат еден од друг. Секој има потреба од личен простор, но не дозволувајте надвор од времето за сопствени потреби, да се отуѓите еден од друг.

Патувајте често, ако имате можност.

Патувањето ќе ви даде можност да излезете од рутината, да пробате нови работи, забава, да го промените барем малку животот и тој на саканата и не на последно место – да се откриете.

Останете позитивни.

Во љубовта и семејниот живот ќе се судрите со многу разочарувања. Сепак обидете се да останете позитивно настроени. Обидете се заедно да преминете низ тешкотиите, инаку едниот од двајцата ќе побара утеха и разбирање кај друг партнер.

Не ги избегнувајте изненадувањата.

Моногамијата е можна, ако и двајцата партнери се стремат кон неа. Тоа значи да ја прават постојано врската возбудлива. Одат на состаноци, да си прават често мали романтични изненадувања. Само така ќе си бидат сосема доволни и не би ја уништиле љубовта.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.