Кога луѓето би воделе по здрав живот бројот на смртните случаи меѓу заболените од рак би се намалил за 50%

1210

Кога луѓето би престанале да пушат, кога би биле во форма, би ослабеле и не би конзумирале повеќе од два алкохолни пијалаци дневно, стапката на смртност од рак драстично би се намалила, тврдат научниците од Харвард.

Лекарите одамна предупредуваа дека нездравиот начин на живот го зголемува ризикот од добивање на рак во повозрасни години од животот.

Само една од пет жени и еден од четворица мажи ги следат советите за здравје, откриено е во студијата. Научниците од Харвард ги анализирале здравствените картони на 136.000 Американци белци.

Истакнале дека бројот на заболените од рак би бил помал од 20 до 40 отсто, а смртните случаи предизвикани од рак за 50 отсто, кога цела нација би водела по здрав живот.

Советуваат да прекинат да пушат, да вежбаат 2,5 часа неделно, да не пијат повеќе од два алкохолни пијалаци дневно и BMI да им биде од 18,5 до 27,5.

Ако би се придржувале на овие правила и по здрава храна, бројот на смртните случаи од рак на белите дробови би се намалил за 80 отсто, од рак на цревата за 30 отсто, од рак на простатата за 21 отсто и рак на дојките за 12 отсто.

„Ракот не е нешто што доаѓа со годините. Постојат многу едноставни чекори да се намалат ризиците од заболување. Поведете сметка за здравјето‟ – рече британската докторка Ен Мекки.