По 2040 година сексот нема да биде средство за правење на бебиња

1549

До 2040 година сексот како средство за размножување ќе стане надминат, прогнозира водечки американски експерт, цитиран од весникот “Дејли експрес”.

Џејми Мецл – научник, автор и експерт за технологија и безбедност од Атланскиот совет на САД, верува дека напредокот во ембрионската селекција и оплодувањето ин витро , ќе стави крајот на зачнувањето по природен пат.

Двете опции обезбедуваат можност на родителите да ги избираат гените за генерацијата, што може да помогне за искоренувањето на голем број болести.

Воведувањето на предимплантациониот генетски скрининг (PGS) во 90-тите години на минатиот век овозможи на лекарите да истражуваат клетки од ембриони во развој, за да утврдат дали тие се носители на болести и последователно да бидат отстранети.

Последниот напредок им овозможи на родителите да го изберат полот на бебето. Според Џејми Мецл во иднина повеќе луѓе ќе прибегнуваат кон овие две можности за зачнување на дете.

Според него до 2040 година споменатите методи ќе бидат уште повеќе софистицирани и ќе станат “норма”, овозможувајќи им на родителите да го зголемуваат интелектот на неродените деца и да го избираат растот и нивната тежина.

“Бидејќи предимплантациониот генетски скрининг се усовршува и се зголемува бројот на спречени болести, откривани преку постапката, во иднина се повеќе родители ќе се ориентираат кон асистирана репродуктивна технологија за зачнување на деца. Луѓето ќе продолжат да имаат секс поради голем број одлични причини, но нема да го практикуваат, за да имаат бебиња“, вели Џејми Мецл.

Експертот додава дека зголемената побарувачка ќе ја намали цената на предимплантациониот генетски скрининг и оплодувањето ин витро. Според него за луѓето ќе биде поевтино да ги плаќаат овие цени, отколку да обезбедуваат доживотно лекување на деца родени со генетски болести.

“Човечкиот вид” е зад аголот “во еволутивен процес. Ембрионската селекција е само почетокот на оваа трансформација. Генетски изменетата иднина веќе започна”, заклучува Џејми Мецл, цитиран од агенциите.