Бебињата уште во стомакот го запомнуваат говорот на мајката

42

Во текот на последните десет недели во стомакот бебето ги разликува звуците од јазикот на кој говори мајката.

Бебињата не се сеќаваат само на звуците додека се во матката, туку и на делови од мајчиниот говор, потврдија група американски и шведски научници.

Една студија го откри тоа што долго време се претпоставуваше. Како резултат на истражувањата, научнициите утврдија дека неродените деца во текот на последните десет недели во стомакот ги разликуваат звуците од јазикот на кој говори мајката.

Бебињата најлесно ги разликуваат звуците на самогласките, бидејќи тие се најгласни единици и веќе при раѓањето имаат одредено фонетско знаење.

Според објаснувањето на авторот на студијата, ова е уште еден доказ дека мајките во текот на бременоста имаат неверојатно влијание врз мозокот на бебето.