Знаци на нарцизам кои лесно можат да се занемарат

168

Сите мислиме дека лесно можеме да препознаеме нарцисоидна личност. Тоа се луѓето кои се заљубени во самите себе, така?

Но, вистината е дека постојат многу суптилни знаци кои укажуваат на тоа дека си имате работа со нарцис, поразлични од очигледниот доказ за нарцизам.

Всушност, вистинскиот нарцис е заљубен во идеализираната слика за себе, која ја проектира со цел да го одбегне соочувањето со неговото вистинско, слабо „јас“.

1. Постојано ве прекинуваат

Нарцисите постојано го прекинуваат разговорот. Тие обожаваат да зборуваат за себе и не ви даваат шанса да учествувате до двонасочна конверзација. Секогаш кога ќе се обидете да кажете нешто, тие ќе сакаат да го свртат вниманието кон себе за да си дадат на значење.

2. Ве нарекуваат луди

Нарцисите се многу драматични личности, сакаат да малтретираат психички и да создаваат анксиозност и збунетост, со цел да ја разнишаат самодовербата на соговорникот и на тој начин да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси. Ако одеднаш се фатите себеси како се чувствувате несигурно и се двоумите за одлуките што сте ги донеле, иако сте биле сосема сигурни во тоа што сте сакале да го направите, причината може да лежи во тоа што си имате работа со нарцисоидна личност.

3. Губат интерес кога ќе почнете да им се отворате

Нарцисите обично губат интерес веднаш штом почнете да им се доверувате и да зборувате за вашите проблеми. Така што, ако поминете часови слушајќи ги како зборуваат за себе, а потоа забележите како очите им лутаат наоколу секогаш кога ви треба пријател, тоа значи дека оваа личност е нарцис.

Продолжува на страна 2