4. Шармантни се
Нарцисите можат да бидат многу шармантни кога сакаат, и тоа е всушност причината зошто толку ве привлекле. Ако забележите дека личноста го вклучува и исклучува шармот во зависност од тоа со кого зборува, а не е цело време екстровертна и комуникативна, тоа може да биде голем знак за предупредување.
5. Немаат ниту една лоша слика на Фејсбук
Нарцисите се луѓе кои имаат илјадници пријатели на Фејсбук, но ниту една лоша фотографија. Едноставно не е возможно од толку многу пријатели ниту еднаш да не биле означени на слика на која не излегле баш најубаво. Тоа е така затоа што нарцисите многу внимаваат на тоа каква слика оставаат за себе и се стремат кон тоа на светот да му ја покажат нивната идеализирана верзија.
6. Никогаш не се тие криви
Ако сте опкружени со нарцисоидни луѓе ќе забележите дека тие никогаш не се виновни за тоа што се случило. Дури и кога раскажуваат приказна за тоа како направиле нешто погрешно или биле опоменати на работа, на крајот ќе дојдат до заклучок дека не се доволно ценети или дека биле емоционално малтретирани. Никогаш нема да чуете: „Тоа беше моја вина и научив значајна лекција од целото искуство“.
7. Не знаат да прифатат критика
Колку и да изгледаат самоуверено на површината, тие воопшто не знаат да прифатат ниту мала, најобична критика. Веднаш се лутат и не го сфаќаат тоа како добронамерен совет и можност да се подобрат, туку како лична навреда. Ако сте го забележале ова кај некој ваш пријател или колега, можно е тие да имаат елементи на нарцисоидна личност.
Продолжува на страна 3



















