6 причини зошто животот без Вагите не е вреден

1352

Вагите, најверојатно се најдопадливите луѓе кои ќе ги сретнете во вашиот живот. Вагата е единствениот знак кој не е претставен со животно или човек.

Претставен е со вага што ја покажува нивната потреба за рамнотежа, ред и еднаквост.

Не постои живот без Вага!

Ние живееме за рамнотежа и хармонија во сите аспекти на нашето постоење, од љубовниот живот до работа. Еве зошто сите други знаци на зодијакот ѝ завидуваат на Вага:

Баланс

Луѓето просто се собираат околу нив кога тие имаат проблеми, бидејќи се во состојба да ги согледаат сите страни на приказната. Се обидуваат да ги разберат сите страни на проблемот пред да понудат совет. Вагите не можат да ветат дека ќе ги решат сите проблеми, но секогаш ќе ве сослушаат и ќе понудат внимание и емоционална поддршка која во тој момент ви е потребна.

Нема нешто што ѝ пречи на вагата повеќе од негативноста. Нивното опкружување мора да биде избалансирано со добра енергија. Ако постои било каков конфликт, Вагата доаѓа да ги поправи работите. Меѓутоа, Вагите често се нарекуваат и “адвокат на ѓаволот” бидејќи не бираат страни. Но, на крајот на денот, само сакаат мир во светот кој не е толку мирољубив.

Шарм

Многу е лесно да се сакаат Вагите поради нивната привлечност. Тие се во состојба да направат секој да се чувствува интересен и важен. Тие се свесни за чувствата и емоциите на луѓето околу нив, но и за нивните активности и можни исходи кои тие можат да ги донесат.

Вагите имаат одлична перцепција. Се стремат кон постигнување на долгорочни односи со луѓето, а не ги сакаат површните луѓе и оние со лажно однесување. Тие веруваат дека би требало да научите да ги читате луѓето одвнатре, а не да го засновате пријателството врз основа на тоа како некој изгледа од надвор.

Сепак, без оглед на сиот тој шарм, Вагите многу тешко велат “не”, и затоа често се наоѓаат во стресни ситуации, бидејќи потребите на другите ги ставаат пред своите. Тие сакаат да им удоволат на сите, но многу брзо сфаќаат дека е невозможно сите да ги сакаат.

Чувствителност

Вагите се многу чувствителни кога се во прашање луѓето околу нив и тоа ги прави големи пријатели. Дури и кога се расправаат со некого, нивните харизма и добрина секогаш им помагаат да ги решат работите. На Вагата ѝ треба многу да се налути, но кога ќе дојде до таа точка, повеќе никогаш нема да ве гледа со исти очи.

Романтични

Продолжува на страна 2