Научниците пронашле изгубен континент кој лежи длабоко под Балканот

606

Реномираното списание “Science“ објави статија за континент создаден пред повеќе од 100 милиони години, што научниците го нарекле Голема Адрија, кој се протегал од денешните Алпите до Иран.

Континентот потонал во големите тектонски движења, претежно се наоѓал на просторот на денешна јужна Европа. Поедноставено – изгубениот континент Голема Адрија (или Голем Јадран) лежи длабоко под Балканот.

Континентот Голема Адрија, според експертите, е формиран пред скоро 250 милиони години, кога се одвоил од јужниот суперконтинент Gondwana, во кој тогаш се наоѓале денешната Африка, Јужна Америка, Антарктикот, Австралија, Индискиот потконтинент и Арапскиот Полуостров.

Овој праисториски континент ги опфаќал териториите на триесет денешни земји – од Шпанија до Иран. Голем дел бил под вода, од која штрчеле огромни карпи, т.е. острови, тврди Douve van Hinsbergen, шеф на Катедрата за палеогеографија и глобална тектоника на Одделот за геологија на Универзитетот во Утрехт, Холандија.

„Медитеранскиот регион едноставно е – геолошки хаос. Сè е закривено, скршено и расфрлано“, изјавил van Hinsbergen за “Science“.

Големата Адрија, според неговото толкување, била дел од африканската тектонска плоча, а пред стотици милиони години започнало нејзиното „лизгање“ и подвлекување под евроазиската тектонска плоча, односно под денешна јужна Европа.

Бонус видео