Болницата „Јуравински“ во канадскиот град Онтарио дозволува домашните миленици да доаѓаат во посета на своите тешко болни газди.
Оваа болница усвоила посебна програма под називот „Лаењето на Захари за оздравување“ којашто ја основала Дона Џенкинс, откако нејзиниот 25-годишен внук со помош на својот домашен миленик водел тешка борба со Хочкинов лимфом.
– Додека Захари со недели лежеше во болнички кревет откако беше подложен на третман на трансплантација на матични клетки, ги молеше надлежните да му дозволат да го види своето куче Чејси. Го прокриумчаривме Чејси во болницата и тоа имаше неверојатно влијание на расположението на Захари. Кога Захари сфати дека нема да успее да ја победи болеста, ме натера да му ветам дека во иднина ќе успеам во тоа да биде дозволено пациентите да имаат посети од нивните домашни миленици. Нашата прва официјална дозволена посета на домашен миленик кај пациент се случи на 15 септември 2015 година – раскажала Џенкинс.
„Знаеме дека тоа што му овозможивме да го види своето куче влијаеше на подобрувањето на неговите витални функции, депресијата и на чувството на осаменост. Ќе помогне и во комуникацијата, како што ќе биде и добар потсетник што го чека кога ќе дојде дома и на што може да се радува“, заклучува Дона Џенкинс.
Посетите се дозволени еднаш неделно и обично траат еден час. Пред да им дозволат на домашните миленици да влезат во болничката соба, тие се подложени на добро чистење и ги држат понастрана од останатите пациенти.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.