Два камиона со вкупно седум милиони куршуми биле украдени кога непознати напаѓачи го пресретнале транспортот на оружје во мексиканската држава Гуанхуато, пренесува весникот „Informador“.
Претставник на фабриката за муниција „Tenox“, Хуан Ибарола, рече дека двата камиона натоварени со муниција биле пресретнати на автопатот.
Сепак, Ибарола тврди дека мексиканските нарко картели, кои се осомничени за оваа кражба, нема да имаат голема корист, бидејќи станува збор за муниција од мал калибар.
Мексиканските медиуми наведуваат дека картелите главно користат пушки „Калашников“ и американски „Ar-15“, како и девет милиметарски пиштоли.
Тие не користат оружје од овој калибар, рече Ибарола.
Транспортот на муниција го обезбедувала компанија која нема никаква врска со полицијата, а возачите беа пронајдени подоцна, неповредени.



















