Еве низ каква ДРАМА помина Кристијан Ериксен додека лежел на теренот ! ОВОЈ потег на лекарот бил ПРЕСУДЕН

252

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Питер Мелер изјави дека лекарскиот тим на теренот извршил масажа на срцето кај репрезентативецот Кристијан Ериксен, кога тој се струполи за време на натпреварот против Финска на Европското првенство.

Тој изјави дека Федерацијата е во контакт со Ериксен и дека фудбалерот на Интер е добро.

Мелер за данската телевизија ДР изјави дека Ериксен „паднал, му било укажана помош и добил соодветна масажа на срцето, што подоцна се покажало како клучен потег за закрепнување. За среќа, тој се разбудил при напуштање на стадионот“.

Натпреварот помеѓу Данска и Финска беше во прекин 90 минути, но продолжи од 43. минута.

Финска ја победи Данска со 1-0 во Копенхаген, во првото коло од групата Б.