Успешна Македонка во Австрија | Д-р Слаѓана Стошиќ, лекарка специјалист во главната Виенска клиника

1443
Д-р Слаѓана Стошиќ - Секој медицински работник носи дел од одговорноста и првиот чекор е да се сфати дека секој е битен, и со своите постапки може да направи разлика. Секој лекар треба да биде неприкосновен во својата стручност и да постои клима за дискусија.

Д-р Слаѓана Стошиќ е единствената Македонка лекарка специјалист во главната Виенска клиника, која е и голем европски медицински центар, АКХ.

Работи рамо до рамо со врвни европски и светски специјалисти и покрај на клиника, работи на многу истражувања поврзани со белодробните болести на Универзитетот во Виена.

Моментално пулмологија одделот во АКХ е и ковид – оддел, така што е во тек со новите сознанија за борба со ковид 19.

Oд студент на медицина во Македонија, до лекар специјалист во главната клиника во Виена, која не е само автриски, туку и значаен клинички центар во европски рамки. Каков беше патот до таму?

– Моето работно искуство овде го започнав веднаш после завршување на студиите, иницијално како докторант, а подоцна како специјализант по интерна медицина и пулмологија. Покрај стручниот аспект, многу други елементи, како потполно различниот административен и функционален систем, германскиот јазик како и австрискиот менталитет, беа огромни предизвици за мене. Секако дека се работи за компетитивна средина, има услови за напредок, и иако на почеток тоа е недостаток, со текот на времето доаѓањето од друга култура стана за мене предност. Патот не беше лесен, и понатаму не е, но мојата најголема мотивација е јас да се надминам себеси и да си поставувам нови цели. Од моето 11-годишно искуство овде, можам да кажам дека постојаниот фокус на своите цели, истрајност и напорна работа, неминовно водат до успех.

Секој медицински работник носи дел од одговорноста и првиот чекор е да се сфати дека секој е битен, и со своите постапки може да направи разлика. Секој лекар треба да биде неприкосновен во својата стручност и да постои клима за дискусија.

Од искуството овде, кои се трите најпроблематични точки во јавното здравство во Македонија и кои три суштински реформи може да дадат одговор на тие проблеми?

– Мислам дека има повеќе проблематични точки и мое мислење е дека првично не треба да се фокусираме на специфични проблеми, туку да го промениме ставот дека едноставно имаме ограничени ресурси и мораме да ги прифатиме работите како што се. Мислам дека секој медицински работник носи дел од одговорноста и првиот чекор е да се сфати дека секој е битен, и со своите постапки може да направи разлика. Секој лекар треба да биде неприкосновен во својата стручност и да постои клима за дискусија.

Понатаму, здравствениот систем треба да биде прилагоден на потребите на пациентите, а не обратно. Секако дека тука треба да се промени и законската регулатива, односно во индивидуални случаи да може брзо и ефективно да се донесе одлука во корист на пациентот, бидејќи на крајот од денот тоа е целта на нашиот систем.

Едукацијата на пациентите во примарното и секундарното здравство е енормно битна, исто така свесноста за своите права како од страна на пациентите, така и од страна на медицинскиот персонал.

Што најмногу ви недостасува од Македонија, освен блиските?

– Ми недостасуваат прошетките во градот во кој имам израснато, случајни средби со пријатели од младоста и едноставно, нашиот менталитет.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Слободен Печат