Детали за тестаментот на принцезата Дајана | Колку пари наследи Хари?

1731

За време на интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, војводата од Сасекс допре финансиски теми, поточно моментот кога кралското семејство одлучило да го затвори изворот на приходи за нив, што го принудило да започне да ги троши парите кои ги наследил од неговата покојна мајка, принцезата Дајана. Сега се поставува прашањето за која сума станува збор.

Кога принцот Хари и Меган Маркл решиле да ги напуштат своите позиции во кралското семејство и да започнат независен живот на друг континент, неговото семејство одбило да ги финансира. Тоа веројатно бил најголем удар за нив, бидејќи, очигледно, тие очекувале дека ќе можат да продолжат да живеат удобно на сметка на британските даночни обврзници.

Самиот принц Хари ја допрел оваа тема во интервјуто дадено на Опра Винфри со неговата сопруга Меган Маркл и открил дека ги „спасило“ наследството кое му го оставила неговата мајка, принцезата Дајана.

„Форбс“ уште во 2014 година објави, кога Хари наполнил 30 години, дека тој наследил повеќе од 10 милиони фунти од имотот на неговата мајка.

„Морав да го платам нашето осигурување. Финансиски бев отсечен во првиот квартал од 2020 година. За среќа, имав пари што мајка ми ми ги остави и без тоа не би можеле ништо да сториме“, изјавил Хари.

Нејзините синови ѝ беа сè, затоа не е изненадувачки што принцезата Дајана им оставила поголем дел од имотот, но и некои други луѓе исто така добиле дел од богатството, на пример нејзиниот омилен батлер Пол Барел, како и 17-те деца на кои им била кума.

Нејзината мајка Франсис Рут Санд Кид, како и нејзината сестра Лејди Сара МекКордел се именувани за извршители на нејзината волја и наследство. Во придружните документи се вели дека нејзините синови ќе наследат дел од парите кога ќе наполнат 25 години, а остатокот кога ќе наполнат 30 години.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.