Оживеани делови од мозоци на заклани свињи

2205

Американските научници успеале парцијално да оживеат мозоци на свињи, четири часови откако животните биле заклани.

Ова достигнување може да биде важен чекор за разбирање на врската и бариерата меѓу животот и смртта, а исто може да понуди и нови начини на лекување на Алцхајмеровата болест.

Во неодамнешна студија била поставена хипотеза дека некои мозочни клетки можат да бидат одново поврзани и да се врати нивната активност, дури и откако телото е физички мртво.

Системот за „оживување“ е развиен на Јејл и се состои во тоа што внесува синтетичка крв која носи кислород и лекови до клетките на мозокот.

Оваа „инфузија“ дозволила привремено поврзување на мозочните врски и нивна активност, но од друга страна на електроенцефалограмот не била прибележана електрична активност, што значи дека во основа, мозоците и покрај комуникацијата на клетките, останале мртви. Во нив не биле „оживеани“ свесните центри.