Новите симулации засновани на движењето на опашката ги преполовија претходните проценки за брзината на движењето на тираносаурусите.
Мислите дека не можете да трчате побрзо од Т. Рекс? Според новото истражување, би можеле да го престигнете – со одење. Во филмот „Jurassic Park“ група преплашени луѓе се обидуваат да избегаат од Т. Рекс со автомобил, но научниците се убедени дека тираносаурусот не би бил доволно брз да ги претекне, пишува LiveScience.
Според новите симулации засновани на движењето на опашката, Т. Рекс не нѝ одел брзо. Всушност, главно се движеше со брзина од нешто помалку од 5 пет километри на час, што е приближно половина од брзината од претходните проценки, но и просечната брзина на одење на човекот.
Tyrannosaurus rex, најголемиот од сите месојадни диносауруси, живеел на теритеријата на денешен запад на Соединетите Американски Држави, приближно пред 66 до 68 милиони години до крајот на Креда, и веројатно ги имало на милијарди. Возрасните единки биле долги околу 12 метри, високи околу 3,6 метри и тешки околу пет до седум тони. Но, колку брзо би можело да се движи толку големо животно?
Научниците претходно се обидувале да одговорат на ова прашање со односот на тежината и висината на колковите на Т. Рекс, понекогаш вклучувајќи ја и должината на чекорот од зачуваните патеки. На тој начин, тие ја процениле брзината на одење помеѓу 7,2 и 10,8 км/ч, што е приближно исто толку брзо како на просечен човек-тркач.
Во новото истражување, научниците се фокусирале на вертикалното движење на неговата опашка, тврди Pasha van Bijlert, еден од авторите на студијата.
„Опашките на диносаурусите се клучни за нивниот начин на движење, и тоа на многу начини. Не само што им служела како противтежа, туку опашката ја создавала многу потребната сила за движење на телото нанапред. Тоа го направат со помош на два големи мускули на опашката (каудофеморални мускули), кои ги повлекувале нозете наназад за време на движењето“, објасни научник од Универзитететот во Амстердам.
Природна фреквенција на опашката
Кај двоножниот Т. Рекс, опашката би била пасивно обесена во воздухот, но и активно вклучена при одење.
„Оваа комбинација, пасивна суспензија и активност на движење, е единствена за диносаурусите. Денес нема живи животни со оваа карактеристика“, тврди van Bijlert.
„Додека опашката се лула, тој ја складира и ослободува енергијата преку растегливи лигаменти. Кога ритамот на движењето на опашката ќе достигне резонанца, или најголемото движење со најмал напор, тој ритам е познат како „природна фреквенција на опашката“, рече научникот. Таа фреквенција тогаш би ја означила зачестеноста на чекорите при непречено одење.
Научниците користеле возрасен примерок познат како Trix од колекцијата на Центарот за биодиверзитет „Naturalis“ во холандскиот град Leiden. Авторите на студијата ги скенирале и ги моделирале коските на опашката на Трикс и создале биомеханички модел на опашката од дигитална реконструкција на коските и лигаментите.
Моделот на опашката го дава најверојатниот ритам на чекори за Т. Рекс, но научниците морале да знаат колкава должина поминува со секој чекор. Тие ја зеле должината на чекорот на тираносаурусите и утврдиле дека должината на чекорот на Трикс ќе биде 1,9 метри, а потоа ја пресметале брзината на одење со множење на зачестеноста на чекорот со должината на чекорот.
„Нашиот модел имал нормална брзина на одење од 4,6 km/h, што е значително побавно од претходните проценки за брзината на одење. Вклучувајќи и некои претпоставки во врска со лигаментите и ротацијата на пршлените, дојдовме и до малку помали или повисоки брзини (од 2, 88 на 5,9 км/ч), но генерално, нашиот Т. Рекс е многу побавен од претходните проценки“, објасни van Bijlert.
Мерење на брзината на трчање
Сепак, сè уште има некои несигурности во истражувањето бидејќи научниците се фокусираат на движењата на опашката горе – долу, додека мускулите и страничните движења не се земени предвид.
„Никој не мисли дека диносаурусите имаат совршено крути опашки кои се движат само горе-долу или само на страна, но тоа е занемарена тема во претходните истражувања. Оваа студија доаѓа до нови заклучоци на паметен начин и со оригинален модел”, тврди John Hutchinson, професор по еволутивна биомеханика на Кралскиот ветеринарен колеџ во Hertfordshir.
Иако тој додава дека капацитетот за складирање енергија на опашките на тираносаурусите можеби е помал отколку што шпекулираат научниците, нивниот пристап би можел да се интегрира и споредува со други пристапи во иднина.
Авторите на студијата сега сакаат да го применат својот модел на флексибилна опашка на моделот T. Rex кој трча. Hutchinson верува дека максималната брзина на трчање била од 16 до 40 км/ч, додека биомеханичарите шпекулираат дека максималната брзина може да биде ограничена од јачината на коските бидејќи животното било многу тешко.
„Сепак, флексибилната опашка може да го промени тоа со тоа што ќе делува како амортизер додека трча, што ќе му овозможи да работи без да се скршат коските“, вели van Bijlert.
Научниците сакаат да го применат својот метод на други животински видови бидејќи веруваат дека би можеле да откријат интересни еволутивни адаптации во улогата на опашката во движење.





















