Ако сакате да изгубите тежина, користете со градски превоз

922

Луѓето кои сакаат да ослабат, треба да го користат градскиот транспорт на пат за работа, бидејќи според новото истражување “вообичаеното” физичко оптоварување на пат за патувањето ја зголемува вашата активност.

Луѓето кои сакаат да ослабат по пат за работа, треба да го користат јавниот транспорт, бидејќи тие може да имаат корист од физичка активност, за која не трошат дополнително време, покажува новото истражување.

Истражувањето објавено во “The Lancet Diabetes & Endocrinology”, ги презентира наодите на научниците од Лондонската школа за хигиена по истражување на 150 000 Британци меѓу 40 и 69 години. Ова е најголемото истражување на придобивките од градскиот транспорт.

Научниците откриле дека луѓето кои одат пеш или го користат автобусот за да стигнат до работа, се послаби од оние кои возат до работното место. Важна улога за тоа има “вообичаената физичка активност” на патниците во градскиот автобус или метро.

Мажите кои возат велосипед до работа се 5 кг. полесни од возачите, а жените се со 4,4 килограми послаби од оние кои користат автомобил. Ако пак ги споредлиме оние кои возат автомобил и оние кои се качуваат на автобус, ќе видите дека луѓето во јавниот транспорт се за 2,2 килограми полесни.