Брокулата го намалува ризикот од рак на грлото

218

Научниците постојано работат за пронаоѓањето на лек против ракот. Истражувањата се сложени, бидејќи и видовите туморски заболувања се премногу различни, различни механизми играат улога за откривањето и нивниот развој и затоа третманот бара различни тактики.

Според една неодамнешна студија, екстрактот од никулци на брокула делува исклучително антиканцерогено, претежно против видовите рак во областа на грлото и усната шуплина.

“Луѓето излекувани од рак во пределот на главата и вратот се со многу висок ризик од повторен развој на ракот, но во усната шуплина и грлото. Често овие секундарни тумори се фатални“, смета авторот на студијата Џули Бауман од Институтот за ракот на Универзитетот во Питсбург, САД.

“Затоа ние развиваме безбедна природна молекула против ракот, изолирана од крстоцветниот зеленчук, која се покажа ефикасен против ракот на усната шуплина“, изјави уште Бауман, цитирана од електронското издание healthmeup.

Претходните истражувања покажаа дека крстоцветниот зеленчук како брокула, карфиол, зелка, има повисока концентрација на сулфорафан – супстанција помага за намалување штетното влијание на животната средина и канцерогените материи .

Како дел од студијата биле вклучени лабораториски глувци, склони кон развој на рак, на кои биле давани одредени количини сулфорафан во текот на неколку месеци. Истражувачите откриле дека инциденцата на појава на тумори значително е намалена.

По обидите со глувци, научниците дале на 10 здрави доброволци овошен сок помешан со екстракт од сулфорафан, изолиран од никулци на брокула.

Учесниците не развиле несакани ефекти од конзумирањето на супстанцата. Пронајдени биле заштитни промени во слузницата на усната шуплина и грлото. Тоа ги навело истражувачите на помислата дека екстрактот се апсорбира и насочува кон најризичните ткива.

Заклучокот е дека брокулите и останатиот крстоцветен зеленчук треба да бидат почесто опфатени во менито за да се обидеме да го намалиме ризикот од развој на рак по природен пат преку здрава храна.