Знаци на полицистични јајници | Не ги игнорирајте

201

Кога во нашето тело хормоните се во баланс, сè функционира беспрекорно. Но, кога нивото ќе ја надмине горната или е под долната граница, тогаш веќе настануваат сериозни проблеми.

Синдромот на полицистични јајници се манифестира така што изостанува месечниот циклус, се случуваат физички промени на телото, забременувањето е отежнато, а јајниците не успеваат да ги исфрлат зрелите јајцеклетки и се формираат низи од фоликули.

Прв симптом е промената во месечниот циклус. Најчесто, при полицистични јајници изостануваат овулациите, а со тоа и крварењето. Следно што може да се случи е зголемување на нивото на андрогени хормони.

За жал, девојките и жените со полицистични јајници освен проблеми со забременување, може да имаат и проблеми со акни, со задржување на евентуалната бременост, задоцнета менопауза, абнормални крварења, зголемен ризик за ендометриоза и рак на јајници, зголемена телесна тежина, инсулинска резистенција, ризик за дијабетес…

Лечењето трае цел живот, со помош на препишана терапија, но и со промена во животниот стил, особено исхраната.

Нерамнотежата на хормоните резултира со гојазност, бавен метаболизам и изразена желба за внес на шеќер. Неплодноста е поврзана со зголемената телесна тежина. Многу гинеколози забележале подобри резултати откако пациентките симнале барем 10% од вишокот килограми.