Цинкот во борба со алергиите и сезонските настинки

104

Цинкот игра особено значајна улога во нашето тело, почнувајќи од појачување на имунитетот, синтезата на протеините и на ДНК, но и позитивно влијае и на либидото. Недостатокот може да предизвика низа на здравствени проблеми.

Овој минерал е важен поради антиоксидативните својства, а присутен е дури и во крвните зрнца, коските, мускулите, а кај мажите и во простатата. Помага во правилна репродукција на сите клетки во телото, а кај мажите го одржува тестостеронот во природен баланс.

Цинкот, во комбинација со витамин Б е одличен во борбата против алергии. Храната богата со цинк помага во одржување на мозочната структура и на целиот нервен систем, како и за правилна работа на панкреасот.

За да внесувате повеќе цинк преку храната јадете повеќе телешки џигер, јагнешко, говедско, мисиркино месо, потоа туна, школки и ракчиња, интегрални житарици, јајца, соја, консумирајте пивски квасец, а од млечни производи пијте повеќе јогурт.

Додавајте семиња во вашите салати или прилози на ручекот, како што се семки од тиква, сончоглед и чиа семе. Од јатки, препорачливо е да јадете бадеми и ореви. Зеленчуци кои содржат цинк се краставици, марула, маслинки, грашок, спанаќ и домат, а од овошје, авокадо, банана, киви, јагоди, јаболки и праски. Исто така, еднаш во денот можете да испиете чаша какао.