Синот на Менгеле го шокира и водителот и публиката | По неговите зборови настана молк! Фото/Видео

2360

По распадот на Германија во 1945. година, тој побегнал во Аргентина, каде што живеел до крајот на својот живот.

Јозеф Менгеле, познат и како „Ангел на смртта“, бил лекар.

* Поради неговата работа во Аушвиц и другите логори, тој сè уште се смета за еден од најголемите чудовишта што некогаш живееле.

* Тој е еден од нацистите кој никогаш не одговарал за своите злосторства

По распадот на Германија во 1945. година, тој побегнал во Аргентина, каде што живеел до крајот на својот живот. Починал на 67-годишна возраст додека пливал на една бразилска плажа каде претрпел мозочен удар. Неговиот идентитет бил потврден дури во 1992. година, благодарение на ДНК анализата што ја овозможил неговиот син – Ралф Менгеле.

Овој денес пензиониран адвокат од Германија, живее тивок и затскриен живот и не сака да зборува за својот татко. Сепак, во 80-тите години, тој дал серија интервјуа за германските и американските медиуми и открил какви сеќавања има за озлогласениот лекар.

„Никогаш не би го предал татко ми“, кратко тогаш прокоментира Ралф, откривајќи дека цело време знаел каде се крие Менгеле.

„Повторно би го сторил истото“

Германскиот адвокат, кој во меѓувреме го сменил презимето во Џенкел, истакнал дека, иако „се срамел“ поради постапките на неговиот татко, тој никогаш не би можел да се присили да им открие на ловците на нацисти каде се наоѓа. Од друга страна, тој бил експлицитен во тоа дека не учествувал во криењето на неговиот татко.

– Повторно би го сторил истото – истакна Ралф во едно од ретките гостувања на американската телевизија, во емисијата кај Фил Фонаху во 1986. година, по повод објавувањето на биографијата за неговиот татко „Менгеле: Целосната приказна“.

Rolf Mengele regarding his father, SS Dr. Josef Mengele – YouTube

Книгата во голема мера се базира на дневниците и материјалите на Менгеле, кои на авторите им ги отстапил Ралф. Тој немал никаква материјална корист од тоа, но инсистирал на тоа 20% од заработката да им биде исплатена на преживеаните жртви од експериментите на неговиот татко во Аушвиц.

За време на интервјуто, Ралф Менгеле истакна дека никогаш нема да може да разбере што го натерало неговиот татко да изврши толку ужасни злосторства и дека никогаш нема да се обиде да го негира тоа.

– Ако би можел да бирам, би избрал друг татко, но тоа е невозможно – истакна тој.

Средба со татко ми

Синот на „ангелот на смртта“ зборувал и за состаноци со неговиот татко. Роден во 1944. година, Ралф не се сеќавал на д-р Менгеле од неговите „воени денови“, а се сретнла со него само двапати – во 1956. и 1977. година.

Тие за прв пат се сретнале во едно планинско одморалиште во Швајцарија, каде Менгеле престојувал под лажно име на зимување. Ралф во тоа време имал 12 години и му било кажано дека е странец кого го запознал неговиот вујко. Вистината му била откриена дури три години подоцна.

– Ми раскажувал дека тој не го „измислил“ Аушвиц и дека не бил лично одговорен за „инцидентите“ што се случиле таму. Аушвиц веќе постоел кога дошол за првпат. Тој сакал да помогне, но имал ограничени овластувања – изјавил Ралф и додал дека, колку што знае, неговиот татко не жали за ништо.

На крајот, Ралф, кој е оженет и има две деца, истакнал дека поради тоа што го прекинал повеќедеценискиот молк на неговото семејство за страшното наследство што го носат, тој бил отфрлен од добар дел од семејството, но не жали за тоа.

Благодарение на мрежата на своите луѓе во 1949. година, Јозеф Менгеле избегал во Аргентина, каде што живеел некое време, а потоа во Парагвај и Бразил. Иако го барале повеќе држави, вклучително и Германија, тој никогаш не бил фатен, тој никогаш не одговарал за своите злосторства и никогаш не се покајал.

Др. Менгеле за време на Холокаустот испратил 400.000 луѓе во смрт.