Колку храната што се фрла влијае на климатските промени?

97

На климатските промени и концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата значително влијание прехранбената индустрија. Таа придонесува за зголемување на емисиите на стакленички гасови, уништување на шумите и намалување на нивото на водата, што пак има негативни последици врз животната средина.

Низ историјата, поголемиот дел од површината на планетата била покриена со дивина, а шумите и пасиштата доминирале во нејзините предели. Во последните неколку векови, тоа драстично се променило, така што значајни области на диви живеалишта се отстранети и претворени во земјоделско земјиште, што беше едно од најзначајните влијанија на човештвото врз животната средина, пишува Клима 101.

Прехранбената индустрија, која опфаќа производство, но исто така и процесите што се случуваат откако храната ќе тргне од фармата кон потрошувачите, како што се преработка и дистрибуција, значително придонесува за емисиите на стакленички гасови на светско ниво. Уште поневеројатно е колкаво е влијанието на храната што завршува како отпад.

Влијание на прехранбената индустрија врз емисиите на стакленички гасови

Храната се произведува и преработува на повеќе од 570 милиони фарми, во кои учествуваат уште поголем број земјоделци и посредници од целиот свет, а дел од тој процес е значителна потрошувачка на енергија. Производството на храна е одговорно за повеќе од една четвртина, дури 26 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови.

Тоа звучи како исклучително висок процент, но имајќи предвид дека тоа е основна потреба на секоја личност, овој факт може да се разбере.

Од вкупните емисии на прехранбената индустрија:

  • 18% се генерираат во синџирот на снабдување,
  • 31% доаѓа од сточарство и одгледување риби,
  • 27% е последица на одгледување култури за исхрана на луѓето и добиток,
  • 24% се должи на употребата на земјиштето.

Една четвртина од произведената храна завршува како отпад

Сепак, она што е многу потешко да се разбере е количината на храна која никогаш нема да се изеде.

За да може да се произведува храна, треба да се потрошат многу ресурси. Потребно е земјиште, вода, ѓубриво, а за време на производствениот процес има голема потрошувачка на енергија. Сепак, се проценува дека приближно една четвртина од произведената храна никогаш не се јаде. Поголемиот дел е фрлен, оштетен или расипан во синџирот на снабдување, пред да стигне до потрошувачот.

Отпадот од храна е голем проблем, меѓу другото, бидејќи емисијата на стакленички гасови од прехрамбениот отпад значително придонесува за климатските промени.

Отпадот од храна е одговорен за шест проценти од светските емисии

Џозеф Пури, истражувач на Универзитетот во Оксфорд и Томас Немечек од Одделот за земјоделско и еколошко истражување во Цирих, во нивната глобална мета анализа на системите за храна објавена во списанието „ Science“, ги оценија ефектите на производството, пакувањата и дистрибуцијата на храна врз емисиите на стакленички гасови.

Ова истражување покажа дека отпадот од храна е одговорен за дури шест проценти од вкупното ниво на стакленички гасови во светот.

Отпадот од храна се генерира во сите фази на синџирот на снабдување, почнувајќи од бербата, производството и преработката, преку трговијата, дистрибуцијата и конечно потрошувачката.

Европската комисија процени дека околу 90 милиони тони храна годишно (или 180 килограми по лице) се фрлаат само во Европската унија, а голем дел од нив сè уште се јаде.

Нивото на стакленички гасови генерирани од прехрамбениот отпад е речиси три пати поголемо од глобалната емисија на гасови од авијацијата.

Ако требаше да го разгледаме овој процент во контекст на националните емисии на гасови, вкупниот отпад од храна ќе се изедначеше со Индија како трет најголем емитер во светот. Кина со 21 процент од годишните емисии на гас и САД со 13 проценти се единствените две земји во светот што произведуваат повеќе стакленички гасови од прехранбената индустрија.

Извор: Клима101