Во Сибир се подготвуваат за одгледување на најкорисната риба на светот

1341
Salvelinus - Некои видови се нарекуваат „пастрмка“.

Според тврдењата на Сибирскиот федерален универзитет, рибата езерска златовчица од фамилијата Salvilinus од езерото Собачје е најкорисната риба на светот, затоа што содржи рекордна количина на омега три масни киселини.

Ова за новинската агенција РИА „Новости“ го соопшти службата за односи со јавноста на наведениот универзитет.

Доколку би се започнало со комерцијален риболов, популацијата на златовчицата многу брзо би била уништена. Затоа научниците сакаа да откријат што ја прави толку уникатна оваа риба и да се обидат да создадат услови во кои таа успешно би се размножувала.

Истражувачите се упатија на експедиција на полуостровот Тајмир за да престојуваат на езерото Собачје и да земат биолошки материјал од мажјаци и женки кој би им послужил во експериментите за одгледување на златовчица.

Истражување на научници од СФУ за време на експедицијата во езерото Собачье на полуостровот Таймыр

Главен проблем во експериментот претставува зачувувањето на благотворните својства на златовчицата, полинезаситените масни киселини. Прашањето на генетската предиспозиција на оваа риба за синтеза на омега три масните киселини допрва почна да се проучува. Научниците се генерално многу оптимистички настроени во поглед на перспективата на експериментите во одгледувањето на оваа риба.

Полинезаситените масни киселини омега три ги јакнат имунитетот, срцето и репродуктивниот систем, придонесуваат за создавање на таканаречениот хормон на среќата серотонин и ги намалуваат симптомите на депресија. Редовно се применуваат во својство на превентива на онколошки заболувања и зачувување на младешкиот изглед на кожата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.