Важни работи за тампоните, кои секоја жена треба да ги знае

1379

Постојат 2 вида жени – такви кои користат тампони и такви кои користат влошки.

Ако припаѓате на првата категорија, тогаш постојат некои работи кои се од исклучителна важност за вашето здравје и кои задолжително треба да знаете.

Ова се дел од нив:

1. Тампоните имаат рок на траење

Многу жени не знаат дека и тампоните и влошките имаат рок на траење. Забораваме дека тампоните треба да се стерилни и затоа при секое нивно купување треба да го провериме датумот на производство и рок на траење.

Експертите предупредуваат дека рокот на траење на тампоните, кои ги носиме во торбата, дополнително се намалува поради изложеност на прашина, мириси и бактерии, кои се наоѓаат во чантите.

За разлика од влошките, тампините се поставуваат во вагината и поради тоа треба да бидеме уште повнимателни при нивната употреба, бидејќи ако користите тампони со истечен, тоа може да доведе до формирање на инфекција.

2. Во текот на целиот свој живот трошиме помеѓу 2000 до 3000 евра за тампони

Во светот одамна се дебатира дали треба да се укине данокот на женските производи за интимна хигиена и да се класифицира како лек, со оглед на тоа дека овој трошок може да се спаси.

Пресметано е дека во зависност од времетраењето и обилността на месечниот циклус, жените трошат од 2000 до 3000 евра за тампони – треба да се признае дека тоа се многу пари, кои можат многу рационално да се потрошат.

3. Избегнувајте миризливи тампони

Првиот “ароматизиран” тампон се појавил во 1971-та година. Сепак, гинеколозите предупредуваат дека би требало да избегнувате користење на нив, бидејќи поради материјалот што го содржат се зголемува ризикот од создавање на габични вагинални инфекции или чешање и го влошуваат мирисот на интимната област. Од истата причина избегнувајте ги и ароматизираните дневни влошки.