Писмо на благодарност на една мајка на аутистично дете

2009

Една мајка била толку многу воодушевена од вниманието и грижата, која непознат човек и ја пружил на нејзината ќерка, поради што за тоа му се заблагодарила пред целиот свет.

Шанел Муланд и нејзиниот сопруг Ал се родителите на тригодишната Кејти, која страда од аутизам. Тие одлучија своите искуства да ги поделат со светот преку блогот Goteamkate.com, каде неодамна ја опишаа и семејната забава во Дизниленд.

Додека се враќале дома, сепак забавата можела мошне лесно да биде уништена. Местото во авионот покрај малата Кејти било празно, но останатите патници избегнувале да седнат покрај ова слатко девојче.

Кога го здогледала сериозниот бизнисмен Шанел признава дека не помислисла дека тој сигурно ќе седне покрај нејзината ќерка.

Сепак, се случило нешто што целосно ја разнежнило мајката на Кејти и поради што таа на овој човек му упатила отворено писмо преку својт блог и го нарекла „Драг тато од седиштето 16ц од летот 1850 од Филаделфија“.

Во него Шанел го раскажува емотивното искуство, кое го доживеала додека ја набљудувала својата ќерка и непознатиот човек.

Непознатиот господин седнал покрај девојчето, по што таа почнала да го турка со своето рамо и да го нарекува тато. Шантел помислила дека тој непријатно ќе се трга настрана, ќе ја игнорира, ќе и се смешка со сожалување, ќе ја предупреди да го смири своето дете…Но тој не сторил ништо од тоа. Тој другарски се расприкажал со Кејти, која му зборувала за својата желка и го гледала во очи смеејќи му се.

Непознатиот човек во ниту еден момент не изгледал дека девојчето му пречело, дури ни кога Кејт се разбеснела и почнала да вика и да плаче. Господинот и го одвлекувал вниманието со играчки и се обидел да и помогна да се почувствува подобро.

Шанел на крајот од писмото го информирала овој странец дека Кејт одлично се чувствувала, откако го напуштила авионот.

– Пишувам за многу искуства, кои сме ги имале во јавноста и за начинот на кој луѓето реагираат на Кејт, изјави Шанел.

– Сепак ова писмо е поинакво, сакам да му се заблагодарам на тој човек за длабочината, која не мислев дека некогаш ќе ја видам, додаде таа.

Шанел изјави дека господинот од авионот го прочитал писмото и ја контактирал, скромно заблагодарувајќи и се за убавите зборови.