Мудрост | Зборови кои лекуваат | Поучна приказна

2170

Еднаш еден светец шетал низ природата, и додека одел покрај едно мало село, му пришла уплакана жена, молејќи го да дојде да помогне на едно болно дете …

Тој отишол во селото и толпата се собрала околу него, бидејќи таквата личност била реткост. Му го донеле болното дете, а тој над него изговорил молитва.

“Дали навистина мислите дека вашата молитва ќе му помогне, кога ниту медицинската нега не успеала во тоа?” – извика човекот од собраната толпа.

“Што знаете вие за овие работи? Вие сте една обична будала!”, му се обрати светецот на човекот.

Човекот ужасно се налутил, поцрвенел и се вознемирил.

Таман сакал да каже нешто, да потрча и да го нападне светецот, но тој му пристапил и му рекол:

“Ако еден збор има толку многу моќ да те натера толку да се налутиш и да поцрвениш, зошто некој друг збор не би ја имал моќта да излекува?”

Така тој ден светецот исцелил двајца мажи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.