Повеќе од алармантно | Пеперутките и пчелите во целиот свет умираат со алармантна брзина. Зошто?

250

Според истражувањето објавено на крајот на 2017. година, врз основа на податоците на германските научници, Европа за помалку од 30 години загубила речиси 80 проценти од “своите”, инсекти, што резултира со загуба на повеќе од 400 милиони птици.

Речиси половина од сите видови на инсекти, клучни за екосистемите и економијата во целиот свет ќе исчезнат и ќе загинат со алармантна стапка, резултатите се од студијата која предупредува на “катастрофален колапс” на природната средина на планетата на која живееме.

Екосистемите не можат да функционираат без милионите инсекти кои ја формираат основата на синџирот на исхрана, а резултатите од новото истражување, објавено во списанието Biological Conservation, покажуваат дека на нивното исчезнување најмногу влијаат човековата активност и климатските промени.

Да се промени начинот на производството на храна

“Заклучокот е јасен: ако ние не го смениме начинот на производството на храната, некои инсекти за неколку децении едноставно ќе изумрат”, велат авторите на оваа прилично застрашувачка синтеза на седумдесет и три студии, кои со прст вперуваат особено во земјоделството, бидејќи поради него се уништува премногу корисна флора и фауна.

Денес третина од видовите се пред изумирање, “а секоја година листата се зголемува за дополнителен еден процент”, вели Francisco Sanchez-Bayo и Kris Wyckhuys од Универзитетот во Сиднеј и Квинсленд, истакнувајќи дека оваа бројка е еквивалент на “најголемата епизода на изумирање” од исчезнувањето на диносаурусите.

Повеќе од 40% од 30 милиони видови инсекти се соочуваат со исчезнување

Продолжува на страна 2