Повеќе од алармантно | Пеперутките и пчелите во целиот свет умираат со алармантна брзина. Зошто?

2562

Тие додаваат дека повеќе од 40 отсто од 30 милиони видови на инсекти кои живеат на Земјата е во опасност од истребување. “Учеството на инсектите кои исчезнуваат, а станува збор за околу 41 проценти, што е два пати поголемо отколку ли кај ‘рбетници, а стапката на изумирање на локалните видови, која изнесува 10 проценти, осум пати поголем”, изјави Sanchez-Bayo и Wyckhuys.

Кога зборуваме за исчезнување на биодиверзитетот, нашето внимание обично го привлекува судбината на големите животни. Премногу лесно се заборава дека инсектите се клучни за екосистемите. “Ние треба да дејствуваме брзо и да се обидеме да го спречиме колапсот на важни екосистеми затоа што последиците ќе бидат катастрофални”, велат научниците.

Инсектите се од витално значење кога станува збор за процесот на опрашување, а намалувањето на нивниот број влијае на целиот синџир на исхрана. Во Франција, на пример, во текот на 2018. година евидентирано е намалување на бројот на птици. “Нема повеќе толку инсекти, што е нашиот најголем проблем”, објаснува еден од авторите на француската студија, Vincent Bretagnolle, додавајќи дека и птиците кои се хранат со семиња во еден момент од годината им се потребни инсектите за да ги нахранат своите млади.

Европа во 30 години изгубила речиси 80% од “своите” инсекти

Продолжува на страна 3