Повеќе од алармантно | Пеперутките и пчелите во целиот свет умираат со алармантна брзина. Зошто?

2541

Според резултатите од истражувањето објавено на крајот на 2017. година, врз основа на податоците на германските научници, Европа за помалку од 30 години загубила речиси 80 отсто од “своите” инсекти, што резултира со загуба на повеќе од 400 милиони птици. На глобалното намалување на бројот на инсектите влијае и глобалното затоплување.

За инсектите како извор на храна, освен птиците, зависат, ежевите, гуштерите, рибите, водоземците …

Австралиските научници како проблем ја наведуваат брзата урбанизација, прекумерното уништување на шумите поради пренамена на земјиштето во земјоделско и употребата на пестициди и вештачки ѓубрива, особено во последните шеесет години.

Намалувањето на бројот на инсекти датира од почетокот на дваесеттиот век, но брзо се зголемил во текот на педесеттите и шеесеттите години од минатиот век и достигнало “алармантни размери” во последните 20 години.

Меѓу најзагрозените видови на инсекти се Lepidoptera (пеперутки), Hymenoptera (пчели, оси, мравки, стршлени – кои живеат на сите континенти освен на Антарктикот) и бубачки (летмари,бубамари, светулки).

Во зоната на Медитеранот значително се намалил бројот на инсектите лепешкари, а исчезнат е и голем број на пчелни видови. Од исчезнувањето не се поштедени ниту водните инсекти.

“Итно е потребно повторно да се обноват живеалиштата на инсектите, да се преиспита досегашната земјоделска практика, со посебно внимание на намалување на употребата на пестициди и нивна замена со одржливи материи”, истакнуваат авторите на извештајот, потсетувајќи дека треба да се внимава за “заздравување” на контаминираната вода, како во градовите така и во руралните средини.