Еве неколку совети како во 60 секунди или помалку да си го промените вашиот живот на подобро и да уживате во вашето здравје!
1. ПОЗДРАВЕТЕ ГО СОНЦЕТО ШТОМ ЌЕ СТАНЕТЕ!
Поздравувањето на сонцето е одличен начин да започнете ден со мирен ум и опуштено тело. Поздравот на сонцето обично служи како „загревање“ за часовите по јога, но секако носи придобивки дури и ако се практикува самостојно.
2. ДИШЕТЕ
Интересно е што едноставниот и вроден процес што најчесто го правиме погрешно, а правилното дишење го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува стресот, го елиминира заморот и главоболките, ја ублажува болката, одржува подобра концентрација и ја подобрува циркулацијата на крвта.
3. КОРИСТЕТЕ ЗАБЕН КОНЕЦ
Четкањето на забите двапати дневно е важно, но повеќето забораваат дека користењето забен конец барем еднаш дневно е исто толку важно за постигнување – и одржување – добра хигиена. Забниот конец поминува меѓу забите и ги отстранува бактериите кои предизвикуваат кариес, за кој сега е јасно познато дека предизвикува развој на сериозни болести.
4. МИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Наједноставниот начин бактериите да навлезат во организмот е преку рацете. Како што е сезоната на инфекции, мијте ги често и избегнувајте допирање околу устата и носот.
За да бидете сигурни дека добро ги миете рацете, користете антибактериски сапун, тријте ги рацете околу 20 секунди. Измијте го зглобот, пределот под ноктите и меѓу прстите. Затворете ја славината со лактот (да, и таа е полна со нечистотии) и избришете ги рацете со салфетка наместо користена крпа.
5. БЕЗ ВОДА НИКАДЕ!
Сите знаеме дека човечкото тело најмногу се состои од вода, па затоа на сите им е потребна за да се избегне, прво дехидрација, а потоа и појава на болести!
6. ИСТЕГНУВАЈТЕ СЕ
Ако поголемиот дел од времето го поминувате седејќи на маса, прашање на време е кога ќе почувствувате болка во зглобовите и мускулите. Ако мислите дека губите време за истегнување, грешите – на овој начин ќе избегнете можни повреди, ќе ја зголемите циркулацијата, ќе ги ублажите болките во грбот и ќе го намалите стресот.
7. НАФРЛЕТЕ НАСМЕВКА!
Ова е „вежба“ која лесно може да се направи во 30 секунди. Смеата ќе го поттикне телото да произведува повеќе бели крвни зрнца, што значи дека полесно ќе се бори против болеста.