Листовите од коријандер имаат свое резервирано место во кулинарството, бидејќи го подобруваат вкусот и мирисот на храната.
Растението сепак може да биде од корист и при сува кожа на лицето. Листовите од коријандер можат да бидат од корист и за третман на вообичаени кожни проблеми, како акни и митесери.
За тоа помага употребата на маска, која можеме да ја приготвиме дома.
Како да подготвите маска за лице со коријандер?
1. Земете грст свежи листови од коријандер, кои се ставаат во мелница. Кон нив се додава малку вода, по што листовите се варат додека не се добие паста.
2. Смесата се цеди, за да се оддели сокот од неа. Се зема една лажица од сокот од коријандер, кој се става во сад. Кон него се додава куркума во прав и се промешува добро.
3. Добиената смеса се нанесува на лицето. Не смееме да заборавиме да ја измиеме кожата со млака вода, пред да ја нанесеме маската.
4. Смесата треба да остане за подолго на лицето, затоа е препорачливо да ја нанесем навечер пред спиење, а наутро да ја изтмиеме со ладна вода.
Листовите од коријандер помагаат за чистење на нечистотијата врз кожата. Покрај тоа, тие содржат испарливи масла кои не само што ја хидратираат кожата, но исто така дејствуваат и како моќен антиоксидант.
Куркумата помага за намалување на проширените пори, на тој начин се задржува влажноста во нив. Таа делува како антисептичко средство што го спречува акни.