Со вакво однесување ја преминувате детската граница

118

Родители, не сте свесни колку грешите: Со овие 5 работи Една мајка, наброила 5 ситуации во кои родителите ја преминуваат границата на прифатливо однесување кон своите деца.

Родителите во денешно време најчесто се заштитнички настроени, што е разбирливо поради големата количина на љубов која што ја чувствуваат кон своите деца. Но, некогаш едноставно знаат да „изгорат“ во таа желба, и да преминат некои граници.

Прегратки и бакнежи

Колку пати ви се случило додека шетате со вашето дете, случајни минувачи, да му упатат насмевка и да посакаат да го погалат, прегрнат или бакнат? „Нормалноа такво однесување меѓу непознати луѓе би било неприфатливо, па зошто тогаш тоа не е ситуација и кога станува збор за децата“, се прашува мајката Рочаун Медовс – Фернандез. Децата никогаш не треба да ги присилуваме самите да прегрнат некој, доколку самите тие не почувствуваат потреба да го направат тоа, па дури и да станува збор за некој роднина. Со секое наметнување на физички контакт му ја одземате можноста за избор.

Удирање по задникот

Иако многу од родителите сметаат дека со таквиот пристап правилно го воспитуваат детето, се поставува друго прашање: Се нарушуваат ли со таквиот однос, приватниот простор и емоциите на вашето дете?

Присилување на детето да направи нешто што не сака

Ако една возрасна личност, на друга, и вели „не“, голема е веројатноста тоа да биде прифатено. Меѓутоа, кога малечките нешто не сакаат да направат, тогаш тие ве игнорираат. Додека од една страна постојат моменти во кои нивното „не“ не може да се прифати, како на пример сладолед пред ручек, постојат ситуации кога треба да бидете попустливи. Децата ги впиваат работите уште од мали, па доколку сакаме еден ден да бидат независни и способни луѓе, да носат квалитетни одлуки, тогаш треба да им дозволиме нивните перспективи и нивните ставови да вредат уште од мали нозе.

Игнорирање на нивните чувства

„Престани да плачеш“ е најчестата реченица која родителите ја употребуваат кога однесувањето на нивните деца го сметаат за неприфатливо. Меѓутоа, ако на децата им кажуваме кога треба да плачат и да покажуваат емоции, а кога не треба, тие набрзо ќе станат збунети и ќе ги доведете во ситуација да ги потиснуваат своите емоции, што никако не е добро, смета оваа мајка.

Откривање на детските тајни

И малечките деца имаат свои тајни, исто како возрасните луѓе. Затоа ако ве замолат да не ги издавате нивните тајни, послушајте ги. Ако постапите спротивно на тоа и го издадете она што ви го кажале во доверба, тогаш вашиот однос ќе биде нестабилен, особено доколку вашето дете е тинејџер. Тој период е доволно емоционално предизвикувачки и без знаењето дека родителот ги споделува неговите тајни со целото семејство и пријателите на пример на Фејсбук. Затоа е многу важно, дури и на најмалото дете да му дадете до знаење дека има право на приватност, вели оваа мајка.