Чентауро – робот за спасување при вонредни ситуации | Видео

157

Италијанскиот технолошки институт изработи таканаречен „робот кентаур“ којшто ќе биде користен како помош при спасувачки операции на италијанските пожарникари и за евакуација на луѓе во вонредни состојби.

IIT Centauro karate chop wood

„Чентауро” е хибриден робот, изработен со 3-Д печатач што значи дека лесно ќе може да се произведува. Тој може да крева тешки блокови и да искачува стрмнини. Се движи со акумулатор, а принципот на самоуправување обезбедува тричасовна работа во кризни случаи.

Подвижноста и флексибиилноста на роботот е огромна предност во спасувачките акции.