Сексот и во неплодни денови ја зголемува шансата за бременост

224

Новото истражување открива дека редовната сексуална активност предизвикува производство на типот на имунитет кој го поддржува и олеснува затруднувањето , затоа не го пропуштајте сексот ни во неплодни денови.

Веројатно знаете дека идеално време за секс е пред и за време на плодните денови,а гинеколозите често препорачуваат редовен секс во текот на целиот месец.

Според новото истражување , повеќе сексуална активност, во било кое време, па дури и во неплодниот период, може да ги подобри вашите шанси за забременување. Триесет жени кои учествувале во истражувањето кое го водела Тирни Лоренц, научник за истражување на сексот и репродуктивноста на Универзитетот во Индиана.

„Вообичаена претпоставка е дека партнерите кои работат на дете би требало да имаат редовни сексуални односи за да ги зголемат шансите на жената да забремени, па во текот на таканаречениот неплоден период , иако не било јасно зошто. Ова истражување е прво кое открило дека сексуалната активност предизвикува произвдство на типот на имунитет кој го поддржува и олеснува зачнувањето и бременоста„, изјавила Лоренц.

Имено, редовниот секс ги менува одредените типови на Т-лимфоцити, кои делуваат како одбрамбен механизам на телото.

Имунолошкиот состав го подготвува телото за бременост

Истражувачите собирале плунка од 30 здрави жени кои не се во менопауза, 16 се воздржувале од секс, а 14 биле сексуално активни, во време на сите фази од менструалниот циклус, фоликуларна, овулациска и лутеална фаза.

Во текот на лутеалната фаза на менструалниот циклус, кај сексуално активните жени пронајдено е значително повисоко ниво на тн „помагачки„ Т-лимфоцити од типот2, кои му помагаат на телото да ги прифати промените кои се појавуваат во бременоста.

Исто така кај истите жени во текот на фоликуларната фаза на менструалниот циклус, пронајдено е повисоко ниво на „помагачк„ Т-лимфоцити, но од типот 1 кои делуваат како одбрамбен механизам на телото од болеста.

„Имунолошкиот систем” на полово активните жени реагира на социјалното однесување-сексуалната активност. Имунолошкиот состав на полово активните жени ги подготвува однапред за можноста за бременост„, изјавила Лоренц.

Во второто истражување собирале ист тип на плунка од 32 здрави жени, од кои 15 се сексуално активни, а 17 во апстиненција. И овој пат, сексуално активните жени имале тн „помагачки„ Т-лимфоцити кои му говорат на телото дека е подготвено за бременост.