Гибаницата се смета за типично предјадење во Србија. Кај нас се прави и со спанаќ или со месо, но има и слатка варијанта на гибаница – таа со мак. Освен мак, во гибаницата има и ореви, суво грозје, јаболка…
Состојки
- 500 грама развлекувани кори
- 100 грама мак
- 200 грама шеќер
- 500 грама изварка
- 100 грама суво грозје
- 500 грама јаболка
- 100 грама ореви
- Цимет, ванила, малку кора од лимон
- 2 дл кисела павлака
- 2 јајца
- Масло за јадење
Подготовка
- Се намачкува емајлирана тава со масло за јадење и во неа се редат кори, кои се филуваат по ред: со фил од ореви, јаболка, изварка, мак и повторно со ореви, јаболка, изварка, мак.
- Секоја кора се попрскува со растопена маснотија. На крај гибаницата се полева со павлака и се пече еден час на 180-200 степени во рерна.
- Приготвување фил од јаболка: излупените јаболка се сечат на тенки парчиња и малку се динстуваат со шеќер. Потоа се замирисуваат со цимет и со истругана кора од лимон.
- Приготвување фил од изварка: изварката се гмечи со виљушка и се додаваат јајцето, киселата павлака, сувото грозје, кое е претходно измиено, и шеќерот.
- Фил од ореви: мелените ореви и шеќерот се посипуваат по кората и потоа се прелеваат со павлаката.
- Фил од мак: макот со шеќерот се посипуваат по кората и се прелеваат со павлаката.



















