Токсичните материјали кои се наоѓаат во нашиот дом

136

Сè помалку стануваат работите околу нас кои се безбедни за употреба.

Во последните години се спроведуваат многу студии за отровите околу нас, подготвени се листи со хемиски материи кои треба да ги избегнуваме. Сепак има уште што да научиме.

Вистината е дека постојат неколку супстанции, од кои многу се во домот на повеќето од нас, и тие се многу потоксични отколку што претпоставуваме.

Антибактерискиот сапун

Додека ги миеме рацете, може да предизвика хаос со нивото на хормоните. Антимикробната супстанца триклозан се открива во многу антибактериски сапуни, пасти за заби и други козметички производи. Супстанцијата може да ја наруши функцијата на тироидната жлезда и нивото на хормоните.

Препорачливо е наместо него да користиме обичен сапун и вода. Важно е да избираме производи кои не ја содржат супстанцијата триклозан.

Тефлонски тави

Садовите со нелеплив слој може да се вистински спасител, кога станува збор за миење, но токсичните испарувања кои се ослободуваат од тефлонските тави и тенџериња при висока температура се штетни за домашните птици. Можат да предизвикаат и симптоми на грип меѓу луѓето.

Според специјалисти готвењето во продолжението на само на 2 – 5 минути е доволно за да се наруши тефлонскиот слој и да се одделат токсични супстанции.

Иако се тешки за чистење, препорачливо е да избираме такви садови кои немаат тефлонски слој.

Синтетички пестициди

Тие уништуваат штетници, но не се сосема безбедни и за нас. Потребни се уште студии кои ќе утврдат кои синтетички пестициди се безбедни и кои не се, затоа е препорачливо да ги избегнуваме колку што е можно, бидејќи според истражувањата тие можат да доведат до развој на различни видови на рак.