Умереното консумирање на кафе е добро за срцето

1268

Луѓето кои пијат од 3 до 5 шолји кафе на ден можеби се помалку загрозени од затнување на артериите, откри студијата.

Јужнокорејската студија е најновата студија за влијанието на кафето врз здравјето. Пред тоа, друго истражување покажа дека тоа го намалува ризикот од мултиплекс склероза.

За целта, тимот научници анализирал податоци од 25 100 јужнокорејски мажи и жени, на просечна возраст 41 годинa, кои биле подложени на редовни прегледи.

Ниту еден од испитаните немал кардиоваскуларни проблеми, но кај 1 од 7 бил откриен калциум во коронарната артерија, ран знак на атеросклероза.

Научниците утврдиле дека нивото на коронарeн артериски калциум било највисоко кај луѓето кои пијат помалку од една чаша кафе или повеќе од пет шолји кафе на ден.

Тие сепак предупредуваат дека резултатите се базирани на група од релативно здрави, образовани средовечни луѓе и не треба да се зема како сеопфатна слика.