Тие знаат за она што сме заборавиле | Поради ова, во Скандинавија добро се живее!

5096

Истражувањата за среќата спроведени пред неколку години покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе. Овие луѓе се придржуваат кон овие четири правила:

1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе

Во нордиските земји е познат законот на градот Jante, според кој никој не смее да се издвојува:

– Немој да мислиш дека си нешто посебно,
– не мисли дека си најдобар на светот,
– не мисли дека си најпаметен,
– не се убедувај себе си дека си подобар од другите,
– не мисли дека знаеш повеќе од другите,
– не мисли дека си поважен од други луѓе,
– не им се потсмевај на другите луѓе,
– не мисли дека другите се грижат за тебе,
– не мисли дека другите можеш да ги научиш на нешто.

Иако многу Скандинавци зборуваат за овој закон со хумористичен тон, тој е задолжен за пријателско и разумно општество. Скромноста и почитта кон другите се високо ценети. Овој закон го спречува општеството да биде арогантно и наредбодавачко.

2. Тие го усогласуваат деловниот и семејниот живот

Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, некои компании имаат донесено закон според кој работат шест часа на ден, со цел да се зголеми продуктивноста и среќата на работниците. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и на тој начин одржуваат здрава врска дури и кога децата ќе пораснат и стануваат независни.

3. Семејството се сака со срце

Во Данска има прекрасна фраза која значи собирање со семејството и пријателите во домашна атмосфера – hygge. Седењето покрај огнот за време на студените ноќи со своите најблиски, е нешто што сите со радост го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на саканите.

4. Реални очекувања

Melani Rajdah во книгата “Happy as a Dane”, е опишана самата суштина на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни на среќниот живот се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување на големи цели, и дека не се стремат кон нив. Семејството и пријателите се основа за нивниот успех и поддршка. Скандинавците не се обидуваат да се споредуваат со другите луѓе, бидејќи тоа предизвикува незадоволство.

Нивниот совет е: Престанете да се споредувате себеси со другите и уживајте во своите достигнувања, уживајте во она што го имате!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.