Актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, освен што е најстариот избран претседател на Соединетите Американски Држави, сигурно ќе остане запаметен и по бројни гафови.
Последното во серијата е снимено на предавањето на Земјоделската академија во Северна Каролина.
Имено, кога го завршил говорот, претседателот „се обидел“ да се ракува, но во тој момент немало никој во таа насока. Странските медиуми веднаш објавија дека претседателот Бајден сакал да се поздрави со невидлив човек и дека овој пат изгледа не знаел што прави.
Biden just finished his speech and shook hands with nobody pic.twitter.com/XLndAZcHiD
— Daily Wire (@realDailyWire) April 14, 2022
На тој последниот гаф на американскиот претседател бурно реагираше конгресменката Марџори Тејлор-Грин.
Our @POTUS turned around and tried to shake hands with literally NO ONE standing there.
This is incredibly embarrassing and HE IS LEADING OUR COUNTRY!
Enough already!#ImpeachBiden
— Rep. Marjorie Taylor Greene (@RepMTG) April 15, 2022
„Нашиот претседател се обиде да се ракува буквално со никого. Неверојатно срамно! Тој владее со нашата земја. Доста е!“, напиша конгресменката на Твитер.