Подгответе марамчиња | Приказната за спасување на едно напуштено куче, ќе ве доведе до солзи | Фото

2225

Запознајте ја Келси, до неодамна напуштено куче, кое е пронајдено во исклучително лоша состојба покрај патот.

На повеќето луѓе кога ќе сретнат на улица напуштено куче, им се будат емоциите, како и желбата да помогнат. Така било и овој пат .. Ова куче, не само што бесцелно талкало низ улиците, туку и изгледало многу, многу лошо. За среќа, сето тоа се променило во само еден момент, благодарение на великодушноста на случаен минувач.

Запознајте ја Келси, до неодамна напуштено куче кое беше пронајдено во неверојатно лоша состојба покрај патот. Нејзиното тело било покриено со паразити кои ѝ ја изеле кожата и поголемиот дел од влакната од телото. Нејзините ребра биле толку изразени што се чинело дека ова напуштено куче не јадело со години.

Еден несебичен човек минувач ја забележал Келси на улица, и решил да ѝ помогне. Дури и самиот не знае како, но тој успеал ова сирото куче да го внесе во автомобилот. Така започнал со спасување на напуштеното куче Му се пружило шанса за еден посреќен живот.

И покрај лошата состојба во која се наоѓала, Келси сепак била пријателски настроена кон своите спасувачи. Еден тим на ветеринари работел деноноќно, за непрекинато да врши надзор над кучето и да му обезбеди потребна нега.

Ова напуштено куче имало долго закрепнување пред себе.

Иако многу бавно, како што минувало времето, состојбата на уличното куче, полека но сигурно, почнала да се подобрува.

Во меѓувреме, Келси дури стекнала нови пријатели.

Со текот на времето, нејзиниот изглед почнал толку да се менува, така што повеќе не би кажале дека тоа е куче од почетокот на приказната.

Кога целосно се опоравила, Келси си нашла и ново семејство.

И така на почетокот, мрачната приказна за спасувањето на едно напуштено куче, доби епилог каков што можеше само да се посака. Не знаеме за вас, но нас секогаш нѐ допираат овие приказни во кои благодарение на прекрасни луѓе, напуштените животни добиваат шанса да го почувствуваат она што е моќта на љубовта и на топол семеен дом.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.