Пластична или дрвена – секој има своја омилена, но најважно е да користиме различни даски за свежо месо, за зеленчук и за овошје, бидејќи кујнските даски се плодна почва за многу бактерии, особено за салмонела и за ешерихија коли.
Истражувањата покажале дека кујнската даска може да содржи и до 50 пати повеќе бактерии отколку шолјата во бањата.
Дрвена даска
Дрвената даска е мека и на нејзе лесно се работи. Студиите покажале дека салмонелата на нив помалку се шири отколку на пластичните даски. На дрвените даски бактериите потонуваат далеку под површината каде што не се размножуваат и на крај умираат. Ако правилно ја одржувате, може да трае со години. Никако не ја ставајте во машина за миење садови.
Пластична даска
Пластичната полесно се одржува бидејќи може да се мие и во машина за задови, но во неа се прават подлабоки засеци во кои се собираат бактерии. Пластичните даски според истражувањата имаат повеќе бактерии од дрвените. Затоа е многу важно по користењето да ја измиете даската и да ја оставете целосно да се исуши.