Ѝ прекумерна среќа може да му наштети на срцето

124

Синдромот на скршено срце, при што се забележува слабеење на мускулниот дел на телото може да биде предизвикан и од вонредна среќа, посочуваат научниците.

До сега се сметаше дека ретката состојба позната и како синдром на Такотсубо, обично се отклучува од вонредна тага или други негативни емоционални настани. Според новото истражување радосните настани во нашиот живот можат да имаат ист негативен ефект врз нашето срце како тажните. Научниците го нарекле овој феномен “синдром на среќно срце”, пишува британскиот весник “Индипендент”. Откритијата се базираат на истражувањето на швајцарски научници врз 1750 пациенти од девет различни земји, дијагностицирани со синдромот на Такотсубо.

Научниците утврдиле дека од 458 лица, чие заболување е добиено од емоционални настани, 96% доживеале тешка загуба на близок, биле жртви на инцидент или имаат проблеми во врската. Сепак останатите 20 лица се дијагностицирани со синдром, откако преживеале среќни моменти како роденден, свадба, раѓање на близок роднина или победа на својот омилен спортски тим.

Просечната возраст на пациентите кои ги преживеале негативните настани е 61 година, додека за луѓето со среќни моменти таа е 71 година. Интересно е дека 95% од пациентите, чиј синдром е предизвикан од тага, се жени. Според д-р Јелена Гадри од Универзитетската болница во Цирих, Швајцарија, докторите треба да се свесни дека пациентите во итни случаи кои страдаат од симптоми слични на инфаркт, како болка во градите и забрзано дишење по среќно настан, може да страдаат од синдромот на Такотсубо.

“Можеби и среќните и тажните настани во животот, и покрај тоа што се различни по својата природа, делат заеднички патишта на крајот на централниот нервен систем, што води до синдром на Такотсубо”, вели д-р Кристијан Темплин од Универзитетската болница во Цирих, кој е коавтор на истражувањето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.